Илиески: Време e Тиквеш да почне да победува

По долга пауза денеска продолжуваат активностите во домашниот  шампионат. На стартот на викенд програмата денеска е дуелот Тиквеш – Арсими што се игра во Кавадарци со почеток од 14:30 часот.

Домаќинот како и гостинот се речиси во идентична ситуацијата на табелата. Имаат ист број на бодови, осум, и се токму на осмата односно деветтата позиција на табелата.

За тимот на Тиквеш како мина оваа долга пауза во шампионатот, и како кавадарчани планираат да направат кам бек во шампионатот го прашуваме искусниот стопер Дарко Илиески.

„Ова беше навистина долга пауза во шампионатот. Што се однесува до Тиквеш, исто така се согласувам. Време е да почне тимот да победува. На последните три четири, мечеви, вклучувајќи го тука и Купот игравме сосема солидно, добро. Создадовме и шанси но ете, никако да ги реализираме. Време е и тоа да се промени. Да почнеме да реализираме, а со самото тоа ќе дојдат и победите. Арсими? Добар тим, ограат и повеќе од солидно сезонава. Но ние веќе немаме право на кикс особено на домашен терен. Одиме по позитива денес и да стартуваме серија која што на Тиквеш ќе му донесе мир и стабилност во понатамошниот дел од шампионатот“ – ни изјави Дарко Илиески.