Пред утрешниот натпревар Македонија – Шкотска, прочитајте го новото издание на нашиот Инфо магазин со најважните информации и интересни содржини поврзани со дуелот на Националната арена „Тодор Проески“.
Во магазинот ќе ги најдете најавата и очекувањата пред натпреварот, размислувањата и изјавите на селекторите на Македонија и Шкотска, како и пораките на репрезентативците на двете селекции.
Подготвивме и профили на фудбалерите, интересни факти и посебни содржини поврзани со македонската репрезентација и нашиот следен противник. Посебно место имаат и статистиката и историјата на меѓусебните дуели, со бројки и детали од досегашните средби меѓу Македонија и Шкотска.
Инфо магазин: MKD-SCO – FFM Magazin





