Ислами: Одиме во Скопје со карактер и борбен дух

Во пресрет на натпреварот кое ќе се одигра во Скопје, екипата на Арсими се подготвува за еден од најважните предизвици во сезоната.

Еден од капитените на тимот, Вулнет Ислами, ги сподели очекувањата и ја потврди високата амбиција на клубот пред пресметката со лидерот на табелата.

“Не очекува многу тежок натпревар против противник со големо име и традиција како Вардар. Свесни сме за нивниот квалитет, но истовремено силно веруваме и во нашата екипна сила. Во текот на неделата работевме напорно, со максимална концентрација, и ќе излеземе на теренот да го дадеме својот максимум”, изјави Ислами.

Капитенот, потенцира дека клучот за успех е во континуитетот и менталната сила на тимот.

“Секој натпревар за нас е важен. Нашата цел е да покажеме карактер, дисциплина и борбен дух, не само против Вардар, туку и во продолжението на шампионатот. Сакаме да напредуваме од натпревар во натпревар и да изградиме позитивна серија која ќе го држи тимот на вистинскиот пат”, додаде тој.

Соочувањето во Скопје има дополнителна тежина бидејќи станува збор за директна пресметка со лидерот од есенскиот дел.

Натпреварот меѓу Вардар и Арсими ќе се игра теренот на Тренинг центарот Петар Милошевски, а почетокот е закажен за 13 часот.