Македонскиот фудбалски репрезентативец, Тихомир Костадинов, изјави дека Македонија пред себе има исклучително важни натпревари во мундијалските квалификации и очекува максимален пристап од сите во екипата за пресметките против Белгија (6. јуни, Скопје) и Казахстан (9. јуни, Астана).
„Се
фокусираме на максимален пристап против Белгија, ќе бидеме подготвени. Имаме малку повеќе време за подготовка
и треба да го искористиме. Сфаќаме дека играме два многу важни меча во
квалификациите. Свесни сме дека испуштивме важни два
бода на натпреварот со Велс, но продолжуваме и мора да гледаме напред.
Мотивирани сме секогаш кога играме за Македонија, без оглед на заморот и
повредите.
Селекторот бара да сме максимално
ангажирани. Ги анализираме двата противници и знаеме против кого се соочуваме.
Многумина мислат дека Белгија сега е послаба селекција, но тие отсекогаш имале
фантастични фудбалери и претставуваат сила во светски рамки“.
Натпреварот меѓу Македонија и Белгија ќе се одигра на шести јуни во 20:45 часот. Три дена подоцна гостуваме во Казахстан.





