Лиценца за учество во УЕФА натпреварувања за сезона 2025-2026 | ФФМ

Одделот за
лиценцирање во рамки на Фудбалската федерација на Македонија информира дека
Комисијата за лиценцирање по комплетирање на процесот на лиценцирање на клубови
за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2025/26 во кое се пријавија девет
клубови (ФК АП Брера, КФГ Гостивар и ФК Вардар и ФК Пелистер, ФК Струга Т.Љ., ФК
Работнички, ФК Силекс, ФК Шкендија, ФК Шкупи,) од Прва МФЛ и три клубови (ЖФК
Љуботен, ЖФК Каменица Саса, ЖФК Тиверија) од Прва ЖМФЛ, а по преглед на
доставената документација ги донесе следните одлуки:

Се издава лиценца
за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2025/26 на клубовите:

  1. ФК Работнички – Скопје
  2. ФК Силекс – Кратово
  3. ФК Шкендија – Тетово
  4. ФК Струга Т.Љ – Струга
  5. ФК Вардар – Скопје
  6. КФГ Гостивар – Гостивар

ФК Шкупи Скопје
се откажа од процесот на лиценцирање за УЕФА сезона 2025/26

Се издава лиценца
за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2025/26 на клубовите од Прва ЖМФЛ:

 
1.ЖФК Љуботен – Тетово

 
2. ЖФК Тиверија – Струмица

ЖФК Каменица
Саса – Македонска Каменица се откажа од процесот на лиценцирање за УЕФА сезона
2025/26.