Македонската репрезентација до 15 години загуби од врсниците на Србија со 0:4 на возвратниот контролен натпревар меѓу двете селекции одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“.
Гостинската репрезентација беше подобриот противник и на реванш мечот, Србија славеше со 4:1 на првиот натпревар. Мирковиќ во седмата минута го отвори резутатот, а откако сто процентна шанса за израмнување пропушти Јанчевски во 45. минута, противникот за само девет минути во продолжението постигна три гола за конечни 0:4. Банковиќ во 67. минута и Бериќ во 71. и 78. минута беа стрелци на головите.
Македонија до 15 години: Јован Дановски, Хамза Зубери (85` Блажев), Фисник Амити (85` Ѓорѓиевски / 90` Ајрулаху), Дин Рожајац, Калин Аврамовски (85` Исаку), Јован Јанчевски (63` Алиу), Виган Таири (76` Петков), Филип Богоевски (76` Емини), Јетмир Асани (63` Трајков), Доротеј Христов (85` Костовски), Амар Незири (76` Матевски); Селектор: Горан Станковски.
Србија до 15 години: Давидовиќ, Вукотиќ, Нилевиќ, Сокниќ, Јефтиќ, Пријовиќ, Радивојевиќ, Димитријевиќ, Станојчиќ, Банковиќ, Мирковиќ.





