Македонија до 19 години: Убедлива победа на вториот меч од гостувањето во Црна Гора

Македонската репрезентација до 19 години, предводена од селекторот Ерхан Селими, забележа одлична победа на гостински терен, совладувајќи ја Црна Гора со убедливи 2:4 во вториот пријателски натпревар меѓу двете селекции.

Во дуел во кој нашите млади репрезентативци имаа далеку повеќе од играта, Македонија постигна четири погодоци, доминираше на теренот и целосно заслужено се радуваше на овој извонреден триумф.

Серијата голови за нашата селекција ја отвори фудбалерот на Вардар, Емир Шаботиќ, во првото полувреме. Откако домаќините успеаја да израмнат, Македонија повторно поведе со гол од пенал на членот на Црвена ѕвезда, Горазд Ристовски.

Црна Гора повторно израмни на 2:2, но по голема грешка на домашниот голман, Адмир Љафити донесе ново водство за Македонија. Истот играч со прекрасен соло продор и прецизен удар го постави конечниот резултат, 2:4 во корист на нашата селекција.

ЦРНА ГОРА – МАКЕДОНИЈА 2:4

Тренинг камп на ОФК Титоград, Подгорица.

Судија: Давор Божовиќ (Црна Гора)

Стрелци: 0:1 – Емир Шаботиќ 32’, 1:1 – Јагош Рогановиќ 63’, 1:2 – Горазд Ристовски (пен.) 65’, 2:2 – Новак Фатиќ (пен.) 68’, 2:3 – Адмир Љатифи 69’, 2:4 – Адмир Љатифи 82’

Црна Гора: Дамјан Брајовиќ, Мелдин Којиќ, Имран Реџепагиќ (од 61’ Зарија Мугоша), Лазар Мартиновиќ (од 81’ Андреј Божовиќ), Драгутин Шарановиќ (од 46’ Петар Јауковиќ), Лука Раичевиќ (од 46’ Лука Брајовиќ), Новак Фатиќ, Данило Пејовиќ (од 61’ Јагош Рогановиќ), Петар Јашовиќ (од 46’ Матија Јовановиќ), Петар Ражнатовиќ, Никола Балевиќ (од 61’ Андрија Вукоје).

Селектор: Ненад Вукчевиќ.

Македонија: Давид Илоцки, Давид Стојановски, Агрон Бајрами (од 40’ Абдулах Асани), Горазд Ристовски, Емир Шаботиќ, Марко Киш (од 65’ Али Хисар), Стефан Бранковски (од 46’ Ненад Дамјаноски), Каменчо Андоновски, Аритон Мехмед, Назиф Цека, Давид Ивановски (од 46’ Адмир Љатифи).

Селектор: Ерхан Селими.

Првиот пријателски натпревар меѓу овие две репрезентации заврши без голови, 0:0.

Прв контролен натпревар: ЦРНА ГОРА – МАКЕДОНИЈА 0:0

Стадион: „Беса арена“, Тузи

Судија: Иван Шарац (Црна Гора)

Црна Гора: Томај Ѓуровиќ, Зарија Мугоша, Мелдин Којиќ (од 63. Никола Балевиќ), Имран Реџепагиќ, Лазар Мартиновиќ, Андреј Божовиќ, Петар Јауковиќ (од 63. Драгутин Шарановиќ), Лука Брајовиќ, Јагош Рогановиќ (од 74. Данило Пејовиќ), Андрија Вукоје (од 74. Петар Јашовиќ), Матија Јовановиќ (од 74. Петар Ражнатовиќ).

Селектор: Ненад Вукчевиќ.

Македонија: Давид Илоски, Златко Радески, Давид Стојаноски, Лука Атанасоски (од 46. Андреј Мурџески), Агрон Бајрами, Горазд Ристовски, Емир Шаботиќ, Марко Киш (од 83. Абдулах Аслани), Ненад Дамјаноски (од 46. Кименчо Андоновски), Стефан Бранковски (од 88. Давид Ивановски), Адмир Љафити (од 77. Арион Мехмед).

Селектор: Ерхан Селими.