Македонија Ѓ.П. и Арсими се пласираа во Прва МФЛ | ФФМ

Објавено на
18 Мај, 2025
во
Вести

Екипата на Македонија Ѓорче Петров
и официјално денеска се врати во Првата македонска фудбалска лига. Со ремито на
домашен терен против Беласица, Македонија ЃП заврши шампионатот како прв на табелата и од следната
натпреварувачка сезона се враќа во прволигашката конкуренција.

Фудбалерите на Арсими триумфираа на
гостувањето кај Вардар Неготино со 4:0 и се пласираа во Првата лига.

Во Штип, дерби мечот
му припадна на Башкими со 1:0
против Брегалница. 

   

   

А репрезентација