Македонската репрезентација до 17 години загуби од Грузија со 1:2 на вториот контролен натпревар одигран на тостински терен. Селекцијата предводена од Влатко Колев пропушти неколку одлични прилики за позитивен резултат, Андреј Цветковски во првото полувреме погоди пречка, а две добри прилики во првите 45 минути, не искористи ниту Васко Папалиски. Грузија во 15. минута го даде водечкиот гол, а предноста ја удвои во 65. минута. Со автогол во 57. минута, беше постигнат конечниот резултат.
Македонија до 17 години: 12. Даријан Денковски, 2. Тео Стојчевски, 3. Филип Цветковски, 5. Давид Лиотоски, 7. Александар Јулијан Петровски, 8. Арда Илијазовски, 9. Васко Папалиски, 10. Андреј Цветковски, 14. Лука Јасмин Георгиев, 16. Павел Миронски, 18. Лука Кнежевиќ;
1. Амин Сулиовиќ, 4. Алекса Јазагиќ, 6. Марко Мирчевски, 11. Мелдин Аломеровиќ, 15. Самуел Вртковски, 17. Грегоријан Михајловски, 19. Блерон Буши, 20. Павел Рибарски, 22. Ринор Чека; Селектор: Влатко Колев;
Првиот натпревар меѓу двете селекции заврши без голови, 0:0.





