Македонија отвора против Швајцарија на домашен терен

Европската фудбалска асоцијација го објави распоредот на натпреварите во годинешното издание од Лигата на нации.

Репрезентацијата на Македонија дебитантскиот настап во Б конкуренцијата ќе отвори на домашен терен и тоа против селекцијата на Швајцарија.

Првиот меч во историјата против оваа репрезентација ќе го одиграме на 26  септември на арената Тодор Проески, a почетокот е закажан за 20 часот и 45 минути.

Во првиот циклус на натпревари кога на програмата се вкупно четири кола имаме две гостувања во Словенија и Швајцарија и уште еден дуел пред нашите навивачи кога ја пречекуваме Шкотска.

Во последните две рунди во ноември прво патуваме за Глазгов, а во последното коло во Скопје се среќаваме со Словенија.

ЛИГА НА НАЦИИ – РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

26.09.2026 (сабота)

20:45 МАКЕДОНИЈА – Швајцарија

29.09.2026 (вторник)

20:45 Словенија – МАКЕДОНИЈА

03.10.2026 (сабота)

20:45 МАКЕДОНИЈА – ШКОТСКА

06.10.2026 (вторник)

20:45 Швајцарија – МАКЕДОНИЈА

13.11.2026 (петок)

Шкотска – МАКЕДОНИЈА

16.11.2026 (понеделник)

20:45 МАКЕДОНИЈА – Словенија