Струга Трим Лум денеска во дербито на колото го пречекува лидерот Вардар, а напаѓачот Христијан Малески, очекува квалитетен и неизвесен натпревар, достоен за дерби-пресметка.
„Се надевам дека ќе биде добар и интересен натпревар, каков што доликува на едно дерби. Нека победи подобриот. Верувам дека добро се подготвувавме цела недела и се надеваме на позитивен резултат“, изјави Малески.
Двата меѓусебни дуели оваа сезона меѓу Струга Трим Лум и Вардар завршија без победник. Во Скопје беше 2-2, додека последниот натпревар во Струга заврши 1-1, при што стрелец за домашниот тим беше токму Малески.
Натпреварот меѓу Струга Трим Лум и Вардар е закажан за 16 часот, на Градскиот стадион во Струга.





