Претседателот
на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар
Омерагиќ, заедно со претседателот на ОФС Битола, Златко Талевски, во Битола оствари работна средба и состанок со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.
Целта на посетата беше увид
во состојбата на стадионот „Петар
Милошевски“, како дел од подготовките за
квалификацискиот натпревар на репрезентациите на Македонија и Италија до 21 година, закажан
за 9. септември во Битола.
Фудбалската федерација на Македонија интензивно работи на
исполнување на сите технички и инфраструктурни критериуми, согласно утврдени стандарди, со цел стадионот во Битола да добие лиценца за организација на УЕФА меѓународни натпревари.
Претседателот Масар Омерагиќ со градоначалникот Тони Коњановски, разговааа за заедничка координација и обврските на
општината и ФФМ во подготовките.
„Ќе направиме сѐ
што е потребно стадионот во Битола да ги исполни сите критериуми и да добие
УЕФА лиценца. Целта ни е Битола да биде подготвена и достојно претставена како
домаќин на меѓународни натпревари на македонските
репрезентации.“





