Натпреварувачка комисија: Воска Спорт – Вардар регистриран со службен резултат | ФФМ

Натпреварувачка комисија во рамки на Фудбалската федерација
на Македонија го регистрираше натпреварот ФК ВОСКА АД – ФК ВАРДАР АД од 28. коло
во Прва МФЛ службен резултат, 0:3; 

ФК Воска Спорт АД е предадена на дисциплинска комисија
поради напуштање на теренот на натпреварот ФК ВОСКА АД- ФК ВАРДАР АД  од 28. коло во
Прва МФЛ;

ФК Воска Спорт АД  е предадена  на дисциплинска
комисија поради слаба организација (навредливо, некоректно и недолично
скандирање на домашнита публика ) на натпреварот ФК ВОСКА АД – ФК ВАРДАР
АД  од 28. коло во Прва МФЛ;

Арбри Клодиан – тренер на ФК Воска Спорт АД и Агон Хани –
капитен на ФК Воска Спорт АД се предаваат на Дисциплинска комисија поради
повикување на фудбалерите на ФК Воска Спорт АД да го напуштат теренот на натреварот
ФК ВОСКА АД- ФК ВАРДАР АД  од
28. коло во Прва МФЛ;

ФК Струга Трим Лум се предава на Дисциплинска комисија
поради слаба организација на натпреварот ФК Струга Трим Лум АД – ФК Гостивар АД
од 28. коло во Прва МФЛ;

Дадет Амос Губам – фудбалер на ФК Воска Спорт АД исклучен
на натпреварот ФК ВОСКА АД – ФК ВАРДАР АД од 28. коло во Прва МФЛ се казнува со
забрана на настап од 1 (еден) натпревар од страна на дисциплинска комисија
на ФФМ.

Лука Робикадзе – фудбалер на ФК Работнички АД исклучен на
натпреварот ФК Работнички АД – ФК Пелистер АД од 28. Коло во Прва МФЛ се
казнува со забрана на настап од (1) еден натпревар од страна на
дисциплинска комисија на ФФМ.

Дардан Мифтари – тренер на голмани на ФК Струга Трим Лум исклучен
на натпреварот ФК Струга Трим Лум АД – ФК Гостивар АД од 28. коло во Прва МФЛ се
казнува со забрана на вршење на функција во траење од 1 (еден) месец;

Небојша Василевски – физиотерапевт на ФК Гостивар АД
исклучен на натпреварот ФК Струга Трим Лум АД – ФК Гостивар АД од 28. коло во
Прва МФЛ  се казнува со забрана на вршење на функција во траење од 1 (еден)
месец; 

Карчески Даниел – фудбалер на ФК Пелистер АД исклучен на
натпреварот ФК Работнички АД – ФК Пелистер АД од 28. коло во Прва МФЛ се
казнува со забрана на настап од 1 (еден) натпревар од страна на дисциплинска
комисија на ФФМ;

Диата Ассане – фудбалер на ФК Гостивар АД исклучен од
натпреварот ФК Струга Трим Лум АД – ФК Гостивар АД од 28. коло во Прва
МФЛ  се казнува со забрана на настап од  4 (четири) натпревари од
страна на дисциплинска комисија на ФФМ;

Аосман Аиас – фудбалер на ФК Гостивар АД исклучен од
натпреварот ФК Струга Трим Лум АД – ФК Гостивар АД од 28. коло во Прва
МФЛ  се казнува со забрана на настап од 4 (четири) натпревари од
страна на дисциплинска комисија на ФФМ;