Селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Благоја
Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за претстојните натпревари од
квалификациите за Светското првенство против Белгија на 6. јуни во Скопје и
против Казахстан на 9. јуни во Астана.
На списокот на селекторот Благоја Милевски, единствен
дебитант е Стефан Деспотовски од ОФК Београд.
Поради повреда двата меча од мундијалските квалификации ќе
ги пропуштат дефанзивците Дарко Велковски и Никола Серафимов, како и фудбалерот од
средниот ред, Лирим Ќамили.
Список на повикани фудбалери:






