Одделнието за
лиценцирање информира дека Комисијата за лиценцирање на ФФМ по комплетирање на
процесот на лиценцирање на клубови за учество во УЕФА натпреварувања во сезона
2021/22 во кој се
пријавија сите 12 клубови од Прва МФЛ, а по преглед на доставената
документација ги донесе следните одлуки:
Се издава лиценца за учество во УЕФА
натпреварувања во сезона 2021/22 на клубовите:
1. ФК
Академија Пандев АД – Струмица
2. ФК
Македонија ЃП 1932 АД – Скопје
3. ФК
Работнички АД – Скопје
4. ФК
Ренова АД – с.Џепчиште
5. ФК
Силекс АД – Кратово
6. ФК
Струга ТримЛум АД – Струга
7. ФК
Шкендија АД – Тетово
8. ФК
Шкупи 1927 АД – Скопје
Не се издава лиценца за учество во УЕФА
натпреварувања во сезона 2021/22 на клубовите:
1. ФК
Беласица АД – Струмица
2. ФК
Вардар АД – Скопје
3. ФК
Пелистер АД – Битола
ФК Борец 1919 АД –
Велес се откажа од процесот на лиценцирање за УЕФА сезона 2021/22.





