Пецов: Се надеваме дека тешкиот период заврши, се фокусираме следните натпревари

Македонија ЃП во рамките на новото 15. Коло од ПМФЛ шампионатот, денеска гостува во Битола, каде што ќе се сретне со домаќинот Пелистер.

Во невообичаениот за македонски услови термин од 12:30 часот двата тима ќе се обидат да стигнат до бодовите кои што во моментов „живот значат“.

Превирањата на организациски план во Ѓорче Петров навидум се смирија и тимот ќе треба да се концентрира на основното, а тоа е освојување на бодови до крајот на првиот дел од сезоната.

„Искрено се надеваме дека тешкиот период за нас заврши и дека сега ќе можеме да се фокусираме на спортскиот дел. Добро знаеме со каков квалитет располага Пелистер, а наше е да одиграме максимално, сконцентрирано, а намерата е иста како и секогаш, атак на трите бода“ – изјави Христијан Пецов.