Македонската А женска репрезентација одигра два натпревари против Молдавија во рамки на
тренинг кампот во Банско, Бугарија (21. – 29. октомври). Нашата најдобра женска
селекција славеше со 1:0 на првиот меч со гол на Улза Максути, додека
молдавките со истиот резултат запишаа победа на реванш натпреварот.

А репрезентација и селекторот Андов го искористија
овој ФИФА прозорец за подготовка за квалификацискиот циклус заженската Лига на нации и Европските квалификации за
2026 година кој започнуваат во февруари следната година, а извлекувањето на
групите е закажано на 7. ноември во Нион, Швајцарија.

На тренинг
кампот во Банско, македонската женска селекција до 19 години одигра два меча
против домашната репрезентација. Бугарија славеше со 1:0 на воведниот и 3:0 на
вториот натпревар. Репрезентацијата на Астрит Мерко се подготвува за квалификацискиот турнир во Португалија од 27. Ноември
до 3. декември во лига А, рунда 2.






