Со петте натпревари од првото коло кое е на програмата в недела почнува новата сезона во Првата ЖФЛ.
Бранителот на титулата Скопје на теренот во Пржино го пречекува Кочани, а почетокот на натпреварот е закажан за 17 часот, а правдата ќе ја дели Ндерим Тефику од Куманово.
Во истиот термин, но на стадионот на Цементарница, Вардар се соочува со градскиот ривал Истатов. Главен судија на овој натпревар е Бардиљ Ибрахими од Тетово.
В недела од 17 часот почнува и натпреварот меѓу Речица и Асс Јунајтед, а ќе суди Марјан Дејаноски од Скопје.
За 17 часот и 30 минути на програмата е дуелот во која Тиверија Брера е домаќин на Пелистер Про и за главен судија е делегиран Дарко Стојанов од Штип.
Последниот натпревар од првата рунда во кој Љуботен се среќава со Каменица Саса исто така почнува во 17:30 часот, а за главен арбитар е делегиран Благојче Ралевски од Битола.





