По денешните натпревари комплетирана е листата на клубови во 1/8 финалето од Купот на Македонија.
Тиквеш во Скопје славеше минимално со 0:1 против домашниот клуб и обезбеди место меѓу најдобрите 16. Шкупи без поголеми проблеми славеше на гостувањето кај второлигашот Кожуф во Гевгелија (0:2).
Актуелниот шампион Шкендија постигна убедлив триумф од 0:9 Јени Мале од Битола.
Во осминафиналето ќе има десет прволигаши и шест екипи од Втора МФЛ. Првата пречка од најдобрата конкуренција не ја минаа само Арсими и Брера Струмица.
Прва МФЛ:
Шкендија, Шкупи, Тиквеш, Башкими, Пелистер, Работнички, Силекс, Македонија ЃП, Вардар, Струга Трим Лум
Втора МФЛ:
Брегалница, ГФК Охрид, Детонит Плачковица, Шкендија Арачиново, Беласица, Новаци





