Фудбалската
Федерација на Македонија преку своето одделение за лиценцирање упатува покана
до клубовите од Прва МФЛ и Втора МФЛ за доставување на пријава за клупско
лиценцирање за сезона 2023/2024.
Клубовите од Прва МФЛ можат да достават
пријава за лиценцирање за натпреварување во организација на УЕФА, која
автоматски важи и за ФФМ натпреварувањата. Клубовите од Втора МФЛ (исток и
запад) можат да достават пријава за лиценцирање за натпреварување во Прва МФЛ
или Втора МФЛ.
Пријавите
за лиценцирање за УЕФА натпреварување се доставуваат најдоцна до 20.12.2022 (вторник) со прилог уплатена такса од 500,оо
евра во денарска противвредност.
Пријавите
за лиценцирање за натпреварување во Прва МФЛ се доставуваат најдоцна до
20.12.2022 (вторник) со прилог уплатена такса од 350,оо
евра во денарска противвредност.
Пријавите
за лиценцирање за натпреварување во Втора МФЛ се доставуваат најдоцна до
20.12.2022 (вторник).
Клубовите
своите пријави уредно пополнети, потпишани и заверени треба да ги достават во
наведениот рок а преку архивата на ФФМ. По доставувањето на пријавите,
Одделението за лиценцирање на сите клубови, соодветно на пријавата, ќе им ги
достави потребните информации околу понатамошниот тек на лиценцирањето.
Уплатата на
соодветните такси се врши на следната сметка:
300000001599760
Комерцијална Банка
Примач: ФФМ
– Скопје
Цел на
дознака: за Клубско лиценцирање за сезона 2023/2024 за (соодветното натпреварување).





