Пријава за клупско лиценцирање за сезона 2026-2027

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) преку одделението за лиценцирање упатува покана до клубовите од Прва, Втора и Трета МФЛ, како и клубовите од Прва ЖФЛ за доставување на пријава за клупско лиценцирање за сезона 2026/2027.

Клубовите од Прва МФЛ можат да достават пријава за лиценцирање за натпреварување во организација на УЕФА, која автоматски важи и за ФФМ натпреварувањата. Клубовите од Втора МФЛ (исток и запад) можат да достават пријава за лиценцирање за натпреварување во Прва МФЛ или Втора МФЛ, клубовите од Трета МФЛ може да достават пријава само за лиценцирање за натпреварувања во Втора МФЛ.

Пријавите за лиценцирање за УЕФА натпреварување (мажи) се доставуваат најдоцна до 20.12.2025 (сабота ) со прилог уплатена такса од 500,оо евра во денарска противвредност.

Пријавите за лиценцирање за УЕФА натпреварување (жени ) се доставуваат најдоцна до 20.12.2025 (сабота ) со прилог уплатена такса од 300,оо евра во денарска противвредност

Пријавите за лиценцирање за натпреварување во Прва МФЛ се доставуваат најдоцна до 20.12.2025 (сабота ) со прилог уплатена такса од 350,оо евра во денарска противвредност.

Пријавите за лиценцирање за натпреварување во Втора МФЛ се доставуваат најдоцна до 20.12.2025 (сабота ) со прилог уплатена такса од 200,оо евра во денарска противвредност

Пријавите за лиценцирање за натпреварување во Прва ЖФЛ се доставуваат најдоцна до 20.12.2025 (сабота ). Не се уплаќа такса.

Клубовите своите пријави уредно пополнети, потпишани и заверени треба да ги прикачат на Мукомет платформата. Платформата ќе биде отворена од 5ти декември и најдоцна до 20ти декември пријавите треба да бидат прикачени.

По доставувањето на пријавите, одделението за лиценцирање на сите клубови, соодветно на пријавата, ќе им ги достави потребните информации околу понатамошниот тек на лиценцирањето.

Уплатата на соодветните такси се врши на следната сметка:

300000005311271 Комерцијална Банка

Примач: ФФМ – Скопје

Цел на дознака: за клупско лиценцирање за сезона 2026/2027 за (соодветното натпреварување).

Пријава за лиценцирање