Промена во ВАР тимот за натпреварот Вардар – Струга Трим Лум

Судиската комисија во рамки на Фудбалската федерација на Македонија информира дека е извршена промена во листата на официјални лица за натпреварот Вардар – Струга Трим Лум, од 9. коло во Прва МФЛ.

Наместо Пларент Салихи, ВАР судија ќе биде Стојанче Трпчевски.

Сите останати назначувања остануваат непроменети.