Објавено на
11 Декември, 2017
во
Лиценцирање, Вести
Одделението за лиценцирање, а во склоп на
програмата за подршка и обука на клубовите во процесот на лиценцирање за
добивање лиценца за натпреварување во Втора МФЛ (Исток и Запад) ќе одржи
работилница/обука на клубовите кои во сезона 2017/18 се натпреваруваат во Втора
МФЛ (Исток и Запад).
Работилницата ќе се
одржи на 15.12.2017 (петок) со почеток
во 11.00 часот во Хотел Карпош – Скопје. На оваа работилница ги покануваме
Претседателите и Генералните Секретари на клубовите кои во сезона 2017/18 се
натпреваруваат во Втора МФЛ (Исток и Запад). Доколку клубот цени дека има потреба
од присуство на уште еден претставник кој е директно вклучен во процесот на
лиценцирање, истиот треба да го пријави. Потврда за присуство клубовите треба
да испратат најдоцна до 13.12.2017 (среда) на електронска адреса:
mario.gjurcinovski@ffm.com.mk
Програмата на работилницата започнува во 11.00 часот,
а пријава и регистрација на присутни започнува од 10.30 часот. Програмата
предвидува презентација на сите пет критериуми од правилникот за лиценцирање,
со посебен осврт на исполнување на правен и финансиски критериум доколку клубот
се пласира во Прва МФЛ. Програмата завршува во 14.00 часот со заеднички ручек.
Во склоп на оваа работилница ќе се одржи и
состанок со Комесарите на безбедност на клубовите од Втора МФЛ (исток и запад),
со комесарот за безбедност на ФФМ и претставници на МВР. За таа цел ги
покануваме и Комесарите за безбедност или нивните заменици на клубовите кои во
сезона 2017/18 се натпреваруваат во Втора МФЛ (Исток и Запад).





