Работнички сака три бода од гостувањето во Ѓорче Петров

Работнички нанижа две победи по ред во шампионатот, првпат оваа сезона, и се надева дека ќе ја продолжи низата и на денешното гостување кај Македонија ЃП. Тоа е еден од директните дуели за опстанок, а позицијата на табелата за Работнички е таква што едноставно мора да оди на победа, да освојува бодови на секој натпревар.

„Ова е како финале за нас. Едноставно немаме друг избор, мораме да освојуваме бодови, ако сакаме да обезбеди опстанок во елитата. Со такви мисли и одиме денеска во Ѓорче Петров. Нема да биде лесно, Македонија ЃП е квалитетен тим, а и тие исто така се во загрозената зона. Но, ќе дадеме сѐ од себе да ја реализираме нашата цел“, вели капитенот Бесир Демири.

Натпреварот меѓу Македонија ЃП и Работнички ќе се одигра на стадионот во Ѓорче Петров, со почеток во 14 часот.