на Фудбалската федерација на Македонија предводено од претседателот, Муамед
Сејдини и потпретседателот, Лазар Ракиџиев официјално со в.д. градоначалникот
на општина Штип, Јане Миланов го потпишаа договорот за изградба на западната
трибина на Градскиот стадион и реконструкција на стадионот во Штип.Во претходно претставениот основен проект за новата западна
трибина на стадионот во Штип, а финансиран од Фудбалската федерација на
Македонија преку програмата „Хет-Трик 5“ на УЕФА, предвидено е западната
трибина која целосно е обврска на ФФМ да има капацитет од 2.400 места за
седење, ВИП ложа, простор за медиуми и за лица со инвалититет, а во поттрибинскиот
простор соблекувални и простории за службени лица по стандардите на УЕФА и
ФИФА.
Во овој период плановите и намерата на Фудбалската федерација
на Македонија се насочени кон подобрување на условите на стадионите во нашата
држава, со цел натпреварувачката сезона 2021/2022 клубовите од МФЛ да ја
дочекаат на реконструирани стадиони со што фудбалерите би добиле максимални
услови за игра, а гледачите на стадионите и покрај малите екрани уживање во
фудбалот. Во таа насока, ФФМ преку „Хет-Трик 5“ програмата ја
финансираше и целосно ја заврши изградбата на новата трибина на стадионот во
Чаир, а во финална фаза е изградбата на новата трибина и на стадионот
„Билијанини Извори“ во Охрид.
Преку овој проект, новиот стадион во Штип нѐ само што ќе
стане вистински фудбалски дом за штипската гордост, ФК Брегалница, туку би бил прилика
и за македонската репрезентација да биде домаќин на важни квалификациски
натпревари.
– За
една година градскиот стадион во Штип ќе добие целосно нова западна трибина со
капацитет од 2400 места и со поттрибински простори. Секако, општина Штип ќе инвестира и во
реконструкција на источната трибина, така што Штип ќе добие модерен стадион
каде што ќе може да настапува и нашата репрезентација. Во изминатиот период правиме големи работи за
фудбалската инфраструктура во нашата држава, а еден од важните центри е Штип. Допрва
следува најважниот дел, но се надевам дека се ќе се одвива според
предвидената динамика и на крајот ќе бидеме горди на новиот стадион во еден од
најфудбалските градови во нашата држава, изјави Муамед Сејдини, претседател на
ФФМ.
Договорот што денеска беше потпишан ги
содржи меѓусебните права и обврски помеѓу договорените страни, односно ФФМ и
Општина Штип.
В.Д. градоначалникот, Јане Миланов
истакна дека му е огромна чест што започнува со изградба на еден ваков проект
кој ќе значи многу за Штип и штипјани.
– Денеска
потпишавме договор за изградба на западната трибина на градскиот стадион во
Штип. Овој договор ги содржи нашите меѓусебни права и обврски. Придобивките од
оваа трибина се огромни не само за спортот во Штип, туку и за љубителите на
спортот, истакна в.д. градоначалникот, Миланов.






