Ристовски и Ќамили поради повреда отпаѓаат, Тошевски ново име во А селекцијата | ФФМ

Објавено на
18 Март, 2025
во
Вести, Вести

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски после првиот тренинг се соочи со непланирани проблеми поради повреди на двајца фудбалери. 

Милан Ристовски и Лирим Ќамили нема да бидат во составот на македонската репрезентација за претстојните натпревари против Лихтенштајн и Велс.

Како замена, селекторот дополнително го повика Давид Тошевски од Австрија Клагенфурт.

Настапот на Стефан Ашковски останува неизвесен поради повреда на зглобот, а неговата состојба ќе биде дополнително проценета од медицинскиот тим.

   

   

А репрезентација