Përfaqësuesja deri në 15 vjeç u mposht në duelin kundër Serbisë

Во првиот од двата контролни натпревари, селекцијата до 15 години е совладана од Србија со 3:1.

Гостите доминираа во првото полувреме, а предноста ја искористија да ги постигнат трите погодоци.

Србија поведе во 11. минута, а стрелец на голот беше Матеја Молдовановиќ. Во 23-тата минута Афан Јонузи шутираше од десетина метри откосо, но неговиот обид заврши преку голот на Душан Звеглиќ.

Во 33-тата минута Новак Туфекџиќ зголеми на 2:0, а на четири минути пред крајот на првиот дел Филип Аврамовиќ по трет пат го совлада нашиот голман.

Во второто полувреме избраниците на селекторот Горан Георгиевски играа многу подобро, а во 68-та минута преку Марко Мартиновски пропушти шанса да го постигне првиот погодок за Македонија на овој дуел.

Само три минути подоцна беше досуден пенал кој во гол го претвори Габриел Фударски Митев и ги постави конечните 3:1.

Вториот натпревар двете репрезентации ќе го одиграат в четврток на теренот на Тренинг центарот Петар Милошевски, а почетокот е закажан за 13 часот.