Sileksi synon të ruajë ritmin e fitoreve.

Откако ја прекина низата од шест меча без пораз, Силекс денеска посакува нов триумф против екипата на Шкендија Арачиново. Кратовскиот прволигаш минатото коло победи на гостувањето кај Башкими со 0:3, со што стави крај на една неуспешна серија од шест натпревари без ниту една победа.

Кратовци посакуваат три бода од денешната пресметка, и да се искачат пред противникот на табелата, со оглед дека во моментов арачиновци се со еден бод предност на табелата.

Од таборот на Силекс влегуваат во мечот со многу оптимизам, но и со многу внимателност со оглед на резултатите на Шкендија Арачиново сезонава.

„Секако дека нашата цел се трите бода од овој натпревар. Посакуваме нова победа, после добрата игра и одличниот резултат против Башкими минатото коло. Атмосферата во екипата после тој тој триумф се крена, и денеска очекуваме да освоиме три бода. Свесни сме дека на секој меч, така и на овој ќе мораме да дадеме максимум, затоа што играме против една незгодна екипа, која во своите редови има добри поединци. Меѓутоа мислам дека имаме квалитет да победиме, и конечно, после таа лоша низа претходно, сега да почнеме добра низа на резултати за да фатиме приклучок кон врвот“, вели голманот на Силекс, Љупче Џеков.

Мечот Силекс – Шкендија Арачиново почнува во 14:00 часот на стадионот во Кратово