Čeferin njoftoi kandidaturën për një mandat të ri si drejtues i UEFA-s

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се кандидира за нов мандат.

Првиот човек на европскиот фудбал на состанокот со претседателите и генералните секретари на националните асоцијации што се одржува во Берлин истакна дека во последниве неколку месеци добил едногласна поддршка од земјите членки на УЕФА да ја разгледа претходната одлука да не се кандидира претседател на континенталната асоцијација.

“Сакам да им се заблагодарам на националните асоцијации за укажаната доверба. Во минатото бевме соочени со огромни предизвици, кои ги решававме како еден тим. Не очекуваат уште многу сериозни ангажмани и треба уште многу да се работи. Токму поради тоа го прифатив барањето. Моите цели остануваат исти, да го задржиме единството во европскиот фудбал и да одржиме силна УЕФА која ќе биде подготвена за новите генерации. Сакам да му се заблагодарам и на моето семејство кое имаше големо влијание врз мојата одлука која немаше да ја донесам без нивното разбирање и поддршка”, истакна Чеферин.

Педесет и првиот редовен конгрес на УЕФА ќе се одржи во казахстанската престолнина Астана на 22 април следната година.

Александар Чеферин на чело на УЕФА дојде во 2016 година кога го замени Мишел Платини и од тој момент два пати е реизбран за прв човек на европскиот фудбал.  .