Фудбалерите на Тиквеш во последните две кола нема да се грижат за опстанок во Првата македонска лига.
Денешниот дуел со Пелистер е последен за Кавадарчани пред своите навивачи и сигурно дека играчите посакуваат победа, освојување на три бода и потврда на петтата позиција на табелата.
Тиквеш по двата последователни порази и нерешениот резултат во претходниот настап на домашен терен, минатата недела беше супериорен на гостувањето во Скопје и триумфираше над Македонија ЃП со 4:1.
Тиквеш оваа сезона не знае за пораз во соочувањата со Пелистер. Во октомври минатата година на гостувањето во Битола освоија бод во натпревар во кој мрежите мируваа на двете страни додека во Кавадарци на почетокот од март забележана е победа од 1:0 и тоа со голот на Мартин Стојанов.
Инаку во претходните девет дуели Тиквеш има само два порази од Пелистер и тоа минатата сезона кога Битолчани се радуваа на три бода откако славеа со 1:0 и 2:1.
Натпреварот во Кавадарци почнува во 16 часот.





