Тиквеш убедливо ја совлада АП Брера во Струмица

Тиквеш забележа значајна победа на гостувањето против АП Брера Струмица, триумфирајќи убедливо со 0-4 во 15. коло од Првата македонска лига.

Кавадарчани ја поставија основата за победата уште во првото полувреме со два погодоци. Во 14. минута Иван Ивановски реагираше на една повратна топка и со прецизен удар по земја го отвори резултатот.

Потоа Мартин Стојанов го удвои водството со ефектен удар од речиси мртов агол, со кој го надмудри голманот Илоски.

Во вториот дел, Тиквеш без поголеми проблеми ја контролираше играта, додека АП Брера се обидуваше да најде начин да се врати, но тешко стигнуваше до опасни ситуации пред голот на гостите.

Победата на Тиквеш беше потврдена во 77. минута, кога Мартин Стојанов го постигна својот втор гол на натпреварот. Во судиското продолжение, младиот Благој Стојчев ги постави конечните 0-4, запишувајќи го својот прв гол во елитата.

За Тиквеш ова е вкупно петта победа во сезоната, а АП Брера Струмица останува со биланс од четири триумфи, четири нерешени натпревари и седум порази.