Фудбалската федерација на Македонија ги повикува сите заинтересирани футсал клубови кои ги исполнуваат условите согласно Статутот, Правилникот за натпреварување и останатите прописи на ФФМ, да поднесат пријава за учество во Втората футсал лига на Македонија за натпреварувачката сезона 2026/2027.
Пријавите со комплетната документација потребно е да се достават во архивата на Фудбалската федерација на Македонија, во рокот утврден со одлука на Комисијата за футсал, 1. август 2026 година.





