Младата репрезентација на Македонија до 15 години забележа победа од 3:1 против Малта, во четвртиот натпревар на Светското првенство во форматот 7+1, кое се одржува во Баку, Азербејџан, додека на последниот натпревар од групата претрпе пораз од 5:0 од селекцијата на Нигер.
Избраниците на селекторот Горан Станковски не успеаја да ја повторат играта од претходниот натпревар против Малта, во кој славеа со 3:1, па групната фаза ја завршија со пораз од селекцијата на Нигер.
Македонските надежи одиграа одличен натпревар против Малта и заслужено стигнаа до триумфот. Стрелци за Македонија беа Доротеј Христов во 24. минута, Стефан Стојаноски во 29. и Дин Рожајац во 32. минута. Единствениот гол за Малта го постигна Деклан Замит во 13. минута.
Македонските надежи на турнирот забележаа две победи, едно реми и два пораза. Во првиот натпревар ја совладаа Панама со 4:1, потоа загубија од Чад со 1:2, а во третото коло одиграа нерешено 2:2 против Кенија. Со денешниот натпревар против Нигер, македонската селекција го комплетираше настапот во групната фаза на Светското првенство во Баку.





