Ангелов: Респект кон Струга ТЛ, но Брегалница има свои цели

Брегалница на домашен терен во Штип го пречекува лидерот Струга ТЛ, во обидот да ја сопре нивната серија која трае четири меча по ред со победи. Од друга страна штипјани со триумф може да се оддалечат од опасната зона, и да им се доближат на екипите на Силекс и на Шкендија Арачиново на табелата.

Од Брегалница очекуваат добар натпревар, и се надеваат на победа. Имаат респект кон лидерот на табелата, меѓутоа истакнуваат дека имаат и свои цели на домашен терен.

„Добро работевме за време на паузата. Нè очекува тежок натпревар против лидерот на табелата, екипа со големо искуство. Имаме респект кон противникот тимот на Струга ТЛ, но и ние имаме свои цели, особено кога играме на домашен терен. Очекуваме поддршка од публиката и се надевам дека ќе стигнеме до позитивен резултат.“, рече фудбалерот на Брегалница, Матеј Ангелов.