ИНФОРМАЦИЈА ЗА БИЛЕТИТЕ ЗА НАТПРЕВАРОТ ШКОТСКА – МАКЕДОНИЈА

Фудбалската федерација на Македонија ги информира сите навивачи, симпатизери и поддржувачи на македонската репрезентација дека продажбата на билетите за претстојниот натпревар Шкотска – Македонија ќе се одвива исклучиво преку официјалната електронска платформа за продажба на билети на Фудбалската асоцијација на Шкотска.

Заинтересираните навивачи можат да ги купат билетите преку следниот линк:

Scottish FA – Online ticket sales

При купувањето на билетите, потребно е да се внесе промотивниот код: MACEDONIA_26.

За македонските навивачи првично ќе биде отворен секторот А2 на западната трибина, со капацитет од 539 седишта. Продажбата ќе се следи во текот на периодот на продажба, а доколку има потреба од дополнителен број билети, ќе биде отворен и секторот А3, со дополнителни 860 седишта.

ФФМ ги повикува сите навивачи кои планираат да ја бодрат Македонија на гостувањето во Шкотска навремено да ги обезбедат своите билети преку официјалната платформа и да ѝ дадат поддршка на нашата репрезентација. Натпреварот Шкотска – Македонија ќе се одигра на 13 ноември 2026 година, со почеток во 20:45 часот по македонско време (19:45 часот по локално време), на стадионот „Хемпден парк“ (Barclays Hampden) во Глазгов, во рамки на УЕФА Лигата на нации.