На натпреварот меѓу ФК Тиквеш и ФК Башкими во неколку ситуации беа донесени правилни одлуки на судиите на теренот и потврда од ВАР-собата во клучните ситуации.
Во 43. минута, при дуел во казнениот простор на Башкими, играчот на домашната екипа со број 34, губејќи ја контролата врз топката, оствари контакт со ногата на противничкиот одбранбен играч, со намера да изнуди удар од белата точка. Главниот судија донесе одлична одлука да не досуди казнен удар, која беше потврдена и по ВАР проверката, бидејќи немаше елементи за досудување пенал.
Во 68. минута, погодокот на Башкими беше исправно поништен поради офсајд-позиција, што беше потврдено и од ВАР системот.
Двата денешни натпревари од 11. коло меѓу ФК Аресими – ФК Брегалница и ФК Тиквеш – ФК Башкими беа одлично судени, со правилни одлуки и доследна примена на Правилата на фудбалската игра и ВАР протоколот.





