Стевковски: Тиквеш оди на три бода на секој натпревар

Тиквеш денеска има гостување на стадионот Чаир во Скопје кај Шкендија Арачиново. Кавадаречкиот тим влегува во овој натпревар во добра серија во првенството, но и по триумфот над Вардар во Купот на гостински терен 1:3.

Очекува нови три бода екипата од Кавадарци и на гостувањето кај арачиновци, но напоменуваат дека ќе биде тежок меч.

„Шкендија Арачиново оваа покажа дека е тежок противник за сите и дека никој не освојува лесни бодови против нив. Тоа го покажува и фактот дека единствениот пораз што го имаме оваа сезона е токму од нив. Нема да не залаже нивната лоша серија, влегуваме во натпреварот максимално концентрирано. Знаеме дека нè очекува тежок терен за игра, каде што нијансите ќе одлучуваат за конечниот исход. Тиквеш на секој натпревар оди на победа, така ќе биде и на овој меч. Доколку играме компактно и ги исполниме задачите од нашиот стручен штаб, очекувам да се вратиме со позитивен резултат од ова гостување“, изјави Христијан Стевковски, голманот на кавадарчани.