Струга Трим Лум убедливо го совлада Скопје

Струга Трим Лум оствари убедлива победа од 4-0 против Скопје во првиот натпревар од 11. коло во Првата фудбалска лига. Со овој триумф, стружани се израмнија бодовно со Шкендија и ја продолжуваат трката за највисок пласман.

Скопје и понатаму е без триумф и се наоѓа на последната позиција со три освоени бода.

Стружани тргнаа офанзивно и за половина час постигнаа три гола. Бесмир Бојку со прекрасен удар од далечина го отвори резултатот во 11.минута, а шест минути подоцна Христијан Малески ја удвои предноста.

Во 30.минута, Агамах со удар со глава зголеми на 3-0, а конечниот резултат го постави Арби Воша во 59.минута од дуелот.