Во рамки на 13. коло од Првата македонска фудбалска лига, на натпреварите Аресими – Шкендија Арачиново и Башкими – Брегалница беа забележани неколку значајни ситуации, кои беа предмет на судиска проценка и ВАР-проверка.
Аресими – Шкендија Арачиново
84.минута: По изведен корнер од екипата на Аресими, топката во казнениот простор го погоди одбранбениот играч на Шкендија Арачиново во коленото. Главниот судија правилно процени дека нема елементи за игра со рака, а одлуката беше потврдена и од ВАР-судијата.
65.минута: При центаршут во казнениот простор на Аресими, одбранбен играч на домашната екипа ја спречи топката со рака поставена во неприродна положба, одвоена од телото. ВАР-судијата правилно го повика главниот судија на преглед на снимката (ОФР), по што беше исправно досуден казнен удар за Шкендија Арачиново.
Натпревар: Башкими – Брегалница
79.минута: При постигнувањето на голот на Брегалница, главниот судија правилно процени дека нема елементи за прекршок над голманот на Башкими. Контактот настана откако голманот беше удрен од сопствен соиграч. Одлуката за признавање на голот беше потврдена и од ВАР-судијата.
73.минута: При центаршут на Брегалница во казнениот простор на Башкими, топката најпрво се одби од телото на одбранбениот играч, а потоа го погоди во раката, која се наоѓаше зад телото во природна положба. Главниот судија правилно процени дека нема елементи за досудување казнен удар, а одлуката беше потврдена и од ВАР-судијата.
Соодветната примена на фудбалските правила и правилната проценка на ситуациите беа потврдени и преку ВАР-технологијата, со што беа донесени исправни одлуки во сите анализирани ситуации.





