Нерешено, најправеден епилог од пресметката во Куманово

Во натпревар со малку голови и чисти шанси на тешкиот терен на стадионот во Куманово, поделбата на бодовите меѓу Башкими и Брегалница е најправеден епилог.

Домаќините беа поконкретни во првото полувреме. Уште во првата акција по ударот од агол, Ристовски се обиде со удар, но топката заврши над голот на Брегалница. Во 13. минута, Хасан Сумер се закани со глава во шеснаесетникот, меѓутоа на вистинското место беше гостинскиот голман.

Прв закана од гостите дојде во 14. минута, кога Максимов шутираше од 16 метри, додека топката што ја одби домашниот голман Алиу дојде до Глигоров, кој го лобуваше и голманот и голот на Башкими. Иницијативата на Башкими се исплатеше во 27. минута кога поведоа со 1:0: Капланај нафрли во шеснаесетникот, а таму најдобро се снајде Фавзи Јахаја, кој со удар со глава го совлада голманот Јашар.

Второто полувреме започна со поофанзивна игра на Брегалница. Веќе во 52. минута Иван Глигоров ја имаше првата сериозна можност, но неговиот удар од работ на шеснаесетникот заврши покрај голот на Алиу. Набргу потоа, во првата позначајна акција од ова полувреме, гостите успеаја да израмнат на 1:1. Стојковски нафрли во казнениот простор, Николов ја врати топката со глава, а несигурната интервенција на голманот Алиу ја искористи Маское, кој со гради ја спроведе топката во мрежата.

До крајот на средбата темпото опадна и немаше поголеми возбудувања пред двата гола, па така двете екипи праведно ги поделија бодовите.

Во следното, 14. коло, Башкими му гостува на Шкендија од Арачиново, додека Брегалница ја очекува дерби-пресметка против Струга ТЛ во Штип