Гаје: Денес против Шкендија Арачиново одиме само на победа

Екипата на Арсими  денес ќе го одигра важниот натпревар од нашето фудбалско  првенство  против Шкендија Арачиново, а во пресрет на мечот своите очекувања ги сподели фудбалерот Ебрима Гаје.

Тој признава дека во тимот владее разочарување по двата последователни порази од Брегалница и Башкими, но нагласи дека атмосферата е позитивна и дека сите се максимално мотивирани за враќање на победничките патеки.

„Знаеме дека резултатите од последните натпревари не беа во наша корист, но работиме напорно и веруваме во нашите квалитети. Денес имаме нова можност да покажеме карактер и да се вратиме со позитивен резултат“, изјави Гаје.

Зборувајќи за денешниот дуел со Шкендија Арачиново, тој истакна дека единствената цел на Арсими е освојување на трите бода.

„Нè очекува тежок натпревар, но подготвени сме да го дадеме максимумот. Мора да бидеме концентрирани од првата до последната минута. Нашата единствена цел денес е победа и враќање на победничките патеки“, порача Гаје.

Натпреварот Арсими-Шкендија Арачиново  ќе  се одигра денес од 13 часот  на градскиот стадион во Гостивар.