Екипата на Башкими денес ќе гостува во Кавадарци, во рамките на 11-тото коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Кумановци влегуваат во овој дуел по минатонеделниот пораз од 0:3 против Силекс, но традицијата е на нивна страна — Башкими има позитивен биланс против кавадарчани во последните 9 меѓусебни пресметки.
Фавзи Јахаја истакнува дека ги чека исклучително тешко гостување, но ветува дека целата екипа ќе го даде максимумот за позитивен резултат.
„Во Кавадарци одиме со јасна цел — да се вратиме со бодови. Гостувањето кај Тиквеш е секогаш тешко, но подготвени сме да дадеме сè од себе на теренот за да ги оствариме нашите амбиции“, изјави Јахаја.
Статистиката од последните 9 дуели најавува неизвесна борба: Тиквеш има запишано 3 победи, Башкими славел на 4 натпревари, додека 2 средби завршиле без победник.
Натпреварот меѓу Тиквеш и Башкими ќе се одигра на стадионот во Кавадарци со почеток од 14:00 часот, а правдата на овој дуел ќе ја дели главниот судија Димитар Пилешков.





