Во одлична форма е екипата на Тиквеш, и во такво расположение влегува во пресметката против Башкими на домашен терен денеска во 11. коло од Првата лига. Осум натпревари прволигашот од Кавадарци нема пораз, вклучувајќи го и мечот од Купот на Македонија со Крошу Спорт Битола.
Кавадаречкиот тим последен пат на домашен терен триумфираше со убедливи 3:0 против Брегалница, и во оваа денешна пресметка влегува по ремито со Арсими на гости.
Од таборот на Тиквеш се надеваат дека ќе продолжи успешната серија, и дека на крајот ќе успеат да го совладаат тимот на Башкими.
„Не очекува тежок натпревар. Не смееме да потцениме никого и да не нè залажува тоа што Башкими загуби на домашен терен минатото коло од Силекс. Ние веруваме во нашите квалитети и како и на секој натпревар одиме на позитивен резултат. Атмосферата во екипата е на високо ниво од самиот почеток, максимално сме подготвени и мотивирани и се надевам дека со добра игра ќе успееме да ги израдуваме нашите навивачи“, рече Теодор Николовски, играчот од средниот ред на Тиквеш.





