Ангелов: Мораме да почнеме да освојуваме бодови и на гости

Брегалница ја очекува тешко гостување во Кратово кај екипата на Силекс. Штипјани и натаму немаат освоено ниту еден бод на гостински терен оваа сезона, од трите досегашни натпревари надвор од Штип.

Со надеж дека ќе се промени ситуацијата, Матеј Ангелов најавува беспоштедна борба на секој дел од теренот во Кратово и обид да се дојде до бодови.

„Ќе биде тежок натпревар на гостински терен со одличен противник. Се надеваме на позитивен резултат. Во мала криза сме, на гости и натаму ги чекаме првите бодови, но атмосферата е одлична. Време е да почнеме да освојуваме бодови и на гостински терен, ова ќе биде важен натпревар за нас и за понатамошниот дел од првенството, во кој сакаме да завршиме во горниот дел на табелата“, рече Ангелов.

Дуелот Силекс – Брегалница се игра во Кратово со почеток во 15:45 часот.