АП Брера и Работнички ремизираа 2-2 во 31.коло од Првата фудбалска лига. Ова е погубен епилог за составот на Работнички.
Работнички поведе на почетокот со голот на Дитмир Хоџа во втората минута. Но, само една минута подоцна, возврати Никола Величковски, кој погоди од 14 метри, по центаршутот од десната страна.
Никола Величковски беше творец и на пресвртот откако погоди со удар со глава.
Во 45.минута, беше досуден пенал за АП Брера, а Никола Величковски не успеа да реализира и да постигне хет-трик. Голманот Фабрис Ондоа го одбрани неговиот удар од 11 метри.
Манојлов во 49.минута имаше убава шанса за израмнување, но неговиот удар го одбрани Диковски.
Во 60.минута, Работнички остана со фудбалер помалку, откако беше исклучен дефанзивецот Егзон Белица поради два жолти картони.
Во 85.минута, Работнички стигна до израмнување, со голот на Јован Бошнаков, по асистенцијата на Мехмед.





