Младиот тим на АП Брера успеа да освои важен бод на гости против Шкендија играјќи 1-1 во минатото коло. Стрелец на израмнувачкиот гол беше дефанзивецот Виктор Велкоски кој успеа да погоди во 95. минута.
После Тетово и дуелот со Шкендија, на стартот на третиот круг од првенството составот на АП Брера има уште една екстремно тешка задача. Му гостува на лидерот Вардар на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
„Ништо нема да менуваме. Вардар е огромен мотив за нашите млади фудбалери и доаѓаме во Скопје со намера да се надигруваме“, порачува стратегот Мартин Алаѓозовски.
АП Брера во овој дуел влегува од осмата позиција со 28 освоени бодови, додека Вардар е лидер на табелата со 55 бода.
Натпреварот меѓу Вардар и АП Брера е закажан за 14:30 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.





