Арсими ќе ја бара првата победа во првенството против Башкими во Гостивар, во дуел на две екипи кои од првите две кола не успеаја да освојат бодови. Гостиварскиот тим ги засили редовите со неколку нови играчи, верувајќи дека со победа ќе започне посакуваниот пресврт во Првата лига.
Во пресрет на овој натпревар, враќањето на Шпанецот Марсел Гони, еден од најдобрите играчи минатата сезона, донесе дополнителен оптимизам. Покрај него, тимот се потпира и на искуството на дефанзивецот Алајдин Цуцули, кој се обрати до домашните навивачи пред денешниот натпревар.
“По поразот од Брегалница, сакаме да им се извиниме на нашите навивачи. Знаеме дека тоа не беше резултатот што тие го очекуваа од нас, ниту пак оној што ние самите го посакувавме. Сега имаме многу важен натпревар дома против Башкими. Ќе дадеме максимум за да ја освоиме победата и да се вратиме на ритамот на победите. Се надеваме дека со поддршката на нашите навивачи ќе го постигнеме овој цел и ќе продолжиме напред со позитивни резултати.”
Натпреварот помеѓу Арсими и Башкими ќе се одигра денес на градскиот стадион во Гостивар со почеток од 16:30 часот.





