Екипата на Арсими оствари убедлива победа во натпреварот од 12. коло во Прва МФЛ, совладувајќи го Башкими со резултат 4:2. Со организирана игра и брзи напади, тимот на Арсими доминираше во текот на целиот натпревар, со што заслужено освои нови три бода и потврди решителност во трката за врвот на табелата.
Првото полувреме помина во знакот на Арсими, кој преку Таипи, Шефити и Мустафа создаде неколку одлични можности. Водството го донесе Албан Таипи во 30. минута, кога по силен удар на Шефит Шефити топката се одби од стативата, а Таипи најдобро се снајде и погоди за 1:0. Само две минути подоцна, Башкими израмни преку Ресул Мемеди со прецизен удар од работ на шеснаесетникот, а во 43. минута, по изведен корнер, Дардишта ја искористи мешаницата во казнениот простор и погоди за 2:1.

Во второто полувреме, Арсими продолжи во ист ритам, со силен притисок и доминација на теренот. Домашните создадоа неколку шанси преку Таипи и Шефити. Таипи ја погоди стативата, а во 64. минута Шефит Шефити постигна погодок за 3:1. Истиот фудбалер, расположен за игра, по еден убав продор успеа да го совлада и голманот, стрелаше прецизно и зголеми на 4:1.
Во последните моменти од натпреварот, Авопнио искористи брз напад на Башкими и постигна гол за конечниот резултат 4:2.






