По победата во дуелот Шкендија Арачиново, фудбалерите на Скопје се задржаа во трката за освојување на првата позиција во Втората македонска лига.
Лидерот Охрид Лихнидос е поразен во Кочани по што станува јасно дека до крајот на сезоната ќе се води жестока битка за освојување на првото место кое води директно во елитното фудбалско друштво во Македонија.
Скопје ја совлада Шкендија Арачиново со 2:1. Гостите двата погодока ги постигнаа во првото полувреме, а стрелци беа Александар Ѓурковски во 20. и Виктор Ангелов во 30. минута.
Фудбалерите на Шкендија во продолжението од мечот се обидуваа да стигнат до пресврт, но составот предводен од Љупчо Марковски и покрај многуте шанси само еднаш успеа да ја затресе мрежата на Кристијан Наумоски и тоа преку Фикрет Љиварека во 63. минута од средбата.

Во Кочани, Осогово беше поуспешен од лидерот Охрид Лихнидос, а натпреварот беше решен во 40. минута, а голот беше дело на Стојанче Велинов.
Штипска Брегалница на гостувањето против Тетекс играше без голови, а значаен триумф забележа забележа Новаци кој како гостин славеше против Вардар Неготино со 2:1.
Новаци поведе со автоголот на Виктор Перчинков во 18. минута. Во 52. Антонио Марчевски зголеми на 2:0, а осум минути подоцна Мартин Нејковски го постави конечниот резултат.

Детонит Плачковица во Виница триумфираше над Слога со 4:0 додека Преспа во Прилеп ја совлада Победа со 5:1.
Кожув и Саса постигнаа по два гола и освоија по бод додека 18. коло ќе се комплетира в среда со натпреварот Беласица – Големо Коњари.




