Дисциплински мерки против Воска Спорт и Гостивар | ФФМ

Фудбалската
федерација на Македонија донесе одлука за дисциплински мерки против клубовите ФК
Воска Спорт АД
и ГФК Гостивар АД поради неодиграни натпревари од последните две кола во Прва МФЛ.

 
ФК Воска Спорт АД
се казнува со одземање на 9 (девет) бодови
и парична казна во износ од 25,000.00 евра за неодигрување на натпреварот од 29. коло во Прва МФЛ;

 
За неодигрување на натпреварот од 30. коло, ФК Воска Спорт добива казна, одземање на дополнителни 9 (девет) бодови и парична казна во износ од
25,000.00 евра;

 
ГФК Гостивар АД
се казнува со одземање на 9 (девет) бодови и парична казна во износ од
25,000.00 евра за неодигрување на натпреварот од 30. коло, како и со
идентична казна за неодигрување на натпреварот
од 31. коло во Прва МФЛ;

Напомена: По правосилноста на овие одлуки, екипите на
ФК Воска Спорт АД и ГФК Гостивар АД ќе бидат исфрлени во најнизок ранг на
натпреварување со забрана за учество во натпреварувачката сезона
2025/2026.

Дополнително,
ФФМ ќе ги искористи сите можни механизми да ги врати / наплати наменските средства
во износ од 150,000.00 евра, паричен износ кој ФК
Воска Спорт АД ги доби на 10. април 2025 година преку солидарната шема за тековната сезона 2024/25.